Со трите нови засилувања во ростерот, тимот на Радовиш оствари убедлива победа во подготовките за плеј-аутот во Суперлигата.
Избраниците на Љупче Мијалов славеа против прволигашот со суперлигашки амбиции Вардар Неготино со 45-26.
Во составот на Радовиш дебитираа новите играчи – десниот бек Милош Лојаничиќ, пикерот Али Кобеиси и левиот бек Петар Ачимовиќ.
Двете екипи утре ќе одиграат уште еден пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната.