Ракометарите на Радовиш дојдоа до голем бод на гостувањето кај ГРК Тиквеш откако ремизираше со 25:25 со што ги зголемија своите шанси за да се дојде до опстанок во Супер машката лига.
Во текот на сите 60 минути имаше неизвесност и двата тима тешко градеа предност. Постојано имаше игра во која никој не можеше да стигне до поголемо водство кое би гарантирало мирна и сигурна завршница.
Радовиш тргна сигурно од почетокот на средбата и одеше паметно. Играше добро и го чуваше водството кое беше 2-3 гола разлика. Така беше до завршницата од средбата кога работите почнаа да се менуваат. Домашните влегоа во посилен ритам и успеаја да намалат и на одмор да заминат со 14:15.
Второто полувреме донесе сосема поинаков тек на настаните. Работите почнаа да ги контролира тимот на ГРК Тиквеш кој успеа да стигне до предност од 24:21 и да влезе во интересен финиш. Сепак, Радовиш влезе во серија од три гола и израмни на 24:24.
Последната минута беше максимално интересна и возбудлива при што имаше по еден гол од двете страни. Страхиња Симиќ погоди за 25:24, а брзо врати Зоран Стојановски за конечни 25:25.
Со овој бод тимот на Радовиш си направи добар патоказ кон обезбедување на опстанок во Супер лигата, додека ГРК Тиквеш со едната нога веќе има место и следната година во најсилната лига.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ
ТАБЕЛА