Екипата на Радовиш активно работи во комплетирањето на тимот за новата сезона. По ангажирањето на првото засилување, денеска раководството на клубот потпиша професионални договори со четворица ракометари од младинскиот погон.
Во сениорскиот состав на Радовиш нови членови се голманот Александар Ристов, пикерот Ристе Атанасов, десното крило Матеј Шапков и левото крило Костадин Ѓеоргиев. Младите таленти ќе имаат можност својот квалитет да го покажат низ настапите во македонската елита во следната сезона.
Претходно Радовиш одлучи да го задржи тренерот Љупче Мијајлов, а пред извесен период беше договорено првото засилување, средниот бек од Морава, Јакша Вјештица. Со поголемиот број на ракометари беа успешно продолжени договорите. Од клубот официјално си замина Бобан Каковски, додека Александар Долдуров и Спасе Ѓорѓиев ставија крај на својата ракометна кариера.
Радовишани во следната сезона ќе бидат дел од групата Б заедно со Еурофарм Пелистер, Скопје, Голден Арт, Тиквеш, Јуниор КВ, Еурофарм Пелистер 2 и Пролет.