Ракометарите на Радовиш остварија тешка но важна победа на гостувањето во Битола против Пелистер. Радовиш тирумфираше на жешкиот терен со 24:22.
Пелистер имаше добар почеток на дуелот и почетно водство. Но тоа беше многу кратко, гостите воспоставија рамнотежа на мечот и се играше израмнето до самиот финиш на првиот дел. Таму подобро се снајдоа гостите кои отидоа на одмор со минимална предност 14:13.
Во вториот дел Пелистер имаше одличен период во кој направи серија од четири гола со што ја презема предността во своја корист. Следуваше период на игра гол за гол се до резултат 20:20. Пелистер поведе 21:20, а потоа следуваше клучната серија на Радовиш за победата и нови бодови.
Најдобар стрелец во тимот на Пелистер беше Талевски со пет гола, Петровски постигна четири. Во екипата на Радовиш повторно Ивица Илиев беше најпрецизен со девет гола, а Долдуров постигна четири.
ПЕЛИСТЕР – РАДОВИШ 22:24 (13:14)
Сала: Боро Чурлевски во Битола. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.
ПЕЛИСТЕР: Трајковски 3, Блажевски 1, Петровски 4, Димитровски 2, Митревски, Мандиќ 1, Ивановски, Димитровски 1, Апостоловски, Петовски, Ристевски, Димитров 2, Талевски 5, Илиев, Буторац 3, Вардовски.
Седмерци: 3/6. Исклучувања: 2 мин.
РАДОВИШ: Паунов 1, Стојановски, Јованов, Ѓорѓиевски 1, Долдуров 4, Ѓорѓиев 2, Постолов, Фенов, Б.Ѓорѓиев, Органџиев 1, Николов 3, Ристов, Тушев, Илиев 9, Трајанов, Везенковски 3.
Седмерци: 2/2. Исклучвања: 14 мин.