Радовиш остана без уште еден важен играч за претстојната сезона, во која клубот ќе игра во Првата лига.
Станува збор за левиот бек Александар Марков, кој повторно ќе има интернационален предизвик, откако се договори на соработка со нисколигашот од Германија, Шомбург.
За искусниот ракометар потписот со Шомбург ќе биде камбек во Германија, со оглед на тоа дека во својата кариера веќе има играно за третолигашот Биберах.
Од Радовиш официјално си заминаа кружниот напаѓач Томче Трајчевски (Прилеп), искусниот голман Славјан Паунов (Бисинов Фруит Ленд) и левото крило Дарио Јорданов (Текстилец).