Суперлигашките тимови влегоа во третата фаза од подготовките пред стартот на новата сезона во елитното друштво.
Во салата „25 Мај“, пријателски натпревар одиграа Радовиш и Тиквеш, а победата им припадна на радовишани кои славеа со 41-37.
Во првото полувреме беа постигнати 42 погодоци, а домашните ракометари имаа предност од два гола, 22-20.
Радовиш на оваа средба играше без средниот бек Златко Везенковски, како и без дефанзивецот Александар Марков.
За кавадарчани следуваат два тест натпревари против КЛ7, додека Радовиш го чека гостување кај Младост во Богданци.