Екипата на Радовиш после поразот на стартот од сезоната на гостувањето кај составот на Астраион пред своја публика не дозволи проблеми против тимот на КЛ 7 иако доби силен отпор. Радовишани славеа со 33:29 така што дојдоа до очекувани бодови.
Во текот на целата средба младите ракометари на тимот од Скопје се бореа и се обидуваа да останат близу со негативата. Сепак, искуството на Ивица Илиев беше пресудно. Најефикасниот играч на Радовиш и еден од ракометарите кои во последните сезони се редовно на првите две позиции според ефикасноста одигра одлично и го предводеше својот тим.
После 17:15 на крајот од првиот дел во второто полувреме радовишани рано направија предност од пет гола, па потоа постојано беа од два до пет разлика така што на крајот успеаја да стигнат до резултат каков што посакуваа.
Ивица Илиев и Ангелче Органџиев беа играчите кои го водеа тимот на Радовиш до победа така што во ниту еден момент немаше проблеми околу победникот на овој дуел.