Тимот на Радовиш и во новата сезона ќе има респектибилен ростер и ќе се обиде по подолго време да обезбеди место во плеј-офот од Суперлигата.
Последен во низата на играчите што ги продолжија договорите е Зоран Стојановски, кој ќе формира дуо со Александар Долдуров на левата крилна позиција.
Ново засилување во тимот е повратникот од Соединетите Американски Држави, Славе Јовановски, кој ќе ги покрива левата и средната бековска позиција.
Радовишани во новата сезона од суперлигашкото друштво ќе бидат во група со Струга, Јуниор Кисела Вода, Астраион, КЛ7, Охрид и Пролет.