Екипата на Радовиш, која и во следната сезона ќе игра во македонската елита реши да ги задржи најдобрите поединци во своите редови. Договорите со клубот ги продолжија левото крило, Кристијан Ристов и десното крило, Филип Трајанов.
Од клубот официјално си заминува средниот бек, Бобан Каковски, кој имаше краток претстој во радовишкиот тим. Радовиш остана без легендите, Александар Долдуров и Спасе Ѓорѓиев, кои ја завршија кариерата.
Пред извесен период, раководството на клубот ги продолжи договорите со голманот Славјан Паунов, кружниот напаѓач Томче Трајчевски, како и со тројцата ракометари кои настапуваат на бековските позиции, Ангелче Органџиев, Здравко Постолов и Иванче Ончев.
Минатата сезона Радовиш преку бараж го обезбеди опстанокот во елитното друштво, а оваа сезона дилемите беа решени пред крајот на плеј-аутот. Радовиш сезоната во домашното првенство ја заврши на 10. позиција на табелата.