Ракометарите на Радовиш во последното коло од плеј-аут конкуренцијата во Супер лигата на домашен терен имаа лесна задача и го совладаа тимот на Астраион убедливо и без проблеми со 38:15.
Радовиш имаше силен старт и многу рано го реши победникот. Избраниците на Бошковски отворија со 13:1 и уште тука веќе беше решен победникот. До крајот на првиот дел домашниот тим ја задржа двоцифрената предност и на одмор замина со 18:6.
Второто полувреме беше формалност, убедливата игра на Радовиш продолжи до крај на дуелот а разликаа постојано растеше. Астраион на овој дуел настапи со 11 ракометари и не можеше да даде поголем отпор на овој дуел. На крај домашниот тим славеше со огромни 23 гола разлика.
Иако на почетокот на плеј-аутот Радовиш бележеше слаби резлутати и порази и се чинеше дека е на чекор до испаѓање од Супер лигата, сепак промените во тимот дадоа резултат и успеаја да изборат бараж за опстанок.
На овој натпревар најефикасен беше Кристијан Ристов со 12 погодоци, додека гола постигнаа Кобеси и Постолов. Во составот на Астраион Марко Стојанов беше прв стрелец со шест гола, а Котевски постигна пет погодоци.