Радовиш ангажираше искусен пикер – потпиша Игор Трајковски

Тимот на Радовиш ангажираше искусен играч кој ќе го менува Пеце Ѓорѓиоски на линијата од шест метри.

Станува збор за досегашниот ракометар на Еурофарм Пелистер 2, Игор Трајковски, кој потпиша договор на една сезона.

Трајковски беше дел од ХЈС Работник, Металург Јуниор, Еурофарм Работник, Пелистер, па Струга, пред да се врати во Еурофарм Пелистер 2.

Радовишани претходно ги продолжија договорите со Златко Везенковски, Славјан Паунов, Александар Тушев, Аце Спасов, Ангелче Органџиев, а следната седмица се очекува истото да го направат и Ивица Илиев и Зоранчо Стојановски.