Екипата на Радовиш во 3. коло од Супер машката лига дојде до првата победа во новта сезона откако ракометарите имаа контрола на резултатот во текот на сите 60 минути и го совладаа Скопје 2020 со 30:28.
Од почетокот на средбата радовишани беа во предност. Успеаја да го отворат натпреварот со 4:0 и овие четири гола најавија убаво продолжение на средбата. Гостите од Скопје вратија со два гола, но потоа следуваше период во кој радовишани постојано беа во предност од неколку гола.
Највисоката предност се случи при 10:4 така што немаше никаков проблем да се зачува водството и до крајот на првото полувреме да се дојде до резултат од 16:12.
Оваа предност беше сосема доволна во продолжение Радовиш да има контрола на резултатот. Гостите се обидуваа да стигнат до враќање во натпрварот, но успеаја да намалат на три гола разлика неколкупати.
И покрај ова, Радовиш редовно се враќаше и зголемуваше, а дојде повторно до плус шест , 24:18. Сепак, гостите успеваа да се вратат во ритам и повторно да дојдат до помала негатива. Сепак, успеаја да стигнат до три гола, а на 30 секунди после неколку обиди да стигнат и до минус два.
Радовиш водеше со 30:28 и имаше напад, а пеналот не беше искористен. Сепак, гостите не искористија шанса за да намалат и да направат уште поинтересна завршница, па бодовите останаа за домашните. Оттаму дебитантот во Супер лигата ќе мора да почека за првите бодови.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА