Тимот на Радовиш означи старт на подготовките за претстојната сезона, во која клубот ќе игра во прволигашката конкуренција.
Радовишани откако минатата сезона не успеаја да со сочуваат суперлигашкиот статус, сега се насочени кон создавање на добар тим за камбек во елитата.
Во тимот на Љупче Мијалов од минатогодишниот состав останаа голманот Кристијан Костадиновски, крилото Костадин Ѓоргиев, бековите Иванче Ончев Филип Талевски и Филип Костадинов.
Тимот ќе биде надополнет со неколку играчи од младинските категории, додека во следните денови се очекува да биде потврден ростерот на клубот и да пристигнат две до три засилувања.
Амбициите на клубот за новата сезона ќе биде пласман во плеј-оф фазата во Првата лига и борба за експресно враќање во Супер лигата.