По распадот на Кометал Ѓ.П. Владимир Радиќ останува во клубот за да работи на создавање на млади играчи.
Не успева да задржи една генерација, ниту да креира екипа. Во тој период и низ тој процес минува мал дел во Академијата на Вардар, а потоа и во проектот ЦЕМС.
„По Кометал почнав да работам она што го знам – создавање нови играчи. Не успевам да задржам генерација цела како екипа, затоа што нема финансии и сретства. Со мали спонзорства и со самофинансирање опстојуваме сезонава во Суперлигата, во тим во кој играат пионерки. Пред оваа екипа имав две соработки. Едната со Академијата на Вардар и другата со ЦЕМС. Што се однесува до ЦЕМС, тоа е трагедија. Бојан Захариев сакаше да направи нешто што нема врска со спортот. Најавуваше голем проект од кој на крајот немаше ништо, а притоа ми ја зеде цела екипа, која пропадна по само една година. Не очекував такво нешто од Бојан, кој е мој ученик, мое дете, но излезе голем лажго.“
Подолу прочитајте го целото интервју со Владимир Радиќ…
ИНТЕРВЈУ ВЛАДИМИР РАДИЌ: Кометал Ѓорче Петров стана шампион на Европа со два комплета дресови!