Радичевиќ: Трансферот во Вардар беше полн погодок, жал ми е само што не ја освоивме ЛШ!

Десното крило Јованка Радичевиќ помина пет сезони во ЖРК Вардар и никогаш не пропушта прилика да се потсети на убавото време во Скопје.

Пет пати со „црвено-црниот“ тим играше на завршниот турнир во Лигата на шампионите, но ниту еднаш не освои титула.

„По освојувањето на титулата со Ѓер, моите односи со претседателот на клубот не беа најдобри, а во исто време добив интересна понуда од Вардар. Трансферот во Скопје беше полн погодок. Се чувствував комотно во градот, ми беше како втор дом. Исто беше и за Македонија како земја во целост, како и за тимот, ми се допаѓаше едноставно се. Поминав пет прекрасни години во Вардар. Жалам затоа што не ја освоивме Лигата на шампионите, иако дојдовме до финалето два пати“, вели Радичевиќ за рускиот „Брз Центар“.

По заминувањето од Вардар, Радичевиќ една сезона помина во романскиот ЧСМ Букурешт, а лани се врати во матичниот клуб Будуќност.