Екс ракометарката на Вардар, Јованка Радичевиќ, која во годинешната сезона го носи дресот на Крим, на натпреварот меѓу словенечкиот шампион и Ференцварош запиша јубилеј и ја достигна границата од 1.000 погодоци во ЛШ.
Репрезентативката на Црна Гора пред дуелот против унгарската екипа зад своето име имаше постигнато вкупно 996 гола, а со својот четврти гол против Ференцварош со златни букви го испиша своето име во најквалитетното европско натпреварување.
До крајот на натпреварот искусната ракометарка имаше уште пет реализации, па така сега е втората ракометарка која има постигнато над 1.000 погодоци. Радичевиќ со новите девет гола сега има 1.005 гола во европската елита.
На првата позиција пред Радичевиќ се наоѓа легендарната Анита Гербиц со 1.016 гола, но најверојатно ракометарката од Црна Гора ќе ја преземе лидерската позиција и ќе биде предводник на вечната листа, бидејќи Крим до регуларниот дел од сезоната во Лигата на шампионите треба да одигра уште десет натпревари.
MILESTONE: Jovanka Radicevic nets #ehfcl goal number 1,000!
That's some #HandmadeHistory, folks…
Bravo! 👏👏👏 @RKKrim pic.twitter.com/UPbHfoXZik
— EHF Champions League (@ehfcl) October 9, 2022