Репрезентацијата на Црна Гора на Светското првенство во Шпанјиа ќе биде предводена од поранешните вардарки, Јованка Радичевиќ и Итана Грбиќ, а селекторката Бојана Поповиќ состави список од 19 ракометарки.
Нема големи промени во однос на составот од последните собири, па претстојат интересни подготовки и секако интересен шампионат.
Пред првенството ќе имаат и контролни средби против Шведска, па на тие дуели Црногорките ќе можат да го покажат квалитетот пред настапот на шампиоинат. На почетокот доцнат само Радичевиќ и Ненезиќ, но тие ќе бидат во составот пред заминувањето за Шведска на контролните средби.
Поради повреда во тимот ги нема Ѓурѓина Јауковиќ и Елена Деспотовиќ, додека Мајда Мехмедовиќ се повлече од настапите за репрезентацијата. Инаку, од повиканите ракометарки две ќе отпаднат пред заминување за Шпанија.
Почетокот на Светското првенство е на 1 декември, а Црна Гора е во групата А со селекциите на Франција, Словенија и Ангола.