Селекцијата на Црна Гора го освои петтото место на Мундијалот во Јапонија, стигна до главната цел, пласман во квалификациите за Олимписките игри, а најголем адут на селекторот Пер Јохансон, беше некогашната вардарка, Јованка Радичевиќ.
Едно од најдобрите десни крила во светот, втор пат во кариерата беше прогласена за најдобра на својата позиција на Мундијалите, но таа вели дека би ја менувала наградата за медал.
„Ми значи тоа што сум прогласена за најдобро крило на СП, но оваа награда со задоволство би ја заменила за медал. Им благодарам на сите ракометарки во репрезентацијата, и тие имаат придонес за моето признание“, изјави Радичевиќ за црногорските медиуми.
Црна Гора ја чека битка за ОИ на турнирот во март, заедно со репрезентациите на Норвешка, Романија и Северна Кореја.