Црногорската репрезентативка Итана Грбиќ, потпиша договор на две сезони со словенечкиот шампион Крим.
Грбиќ, која имаше уште една сезона договор со францускиот Брест Бретањ, заминува незадоволна поради минутажата и се сели во тимот што е предводен од Драган Аџиќ.
Таа ќе остане во Крим до 2025 година, а таму ќе им прави друштво на уште две екс вардарки, Јованка Радичевиќ и Барбара Лазовиќ. Таму игра и Алисон Пино, но Французинката ќе замине од Крим на лето.
Грбиќ дојде во Вардар во 2014 година, остана две сезони, пред да се врати во татковината во матичниот Будуќност.
Таму мина една сезона, потоа играше во романскиот ЧСМ Букурешт, пред одново да направи камбек во црногорскиот првак.
Во 2021 година се пресели во унгарскиот Ференцварош, а оттаму замина во Брест, каде ќе мине само една сезона.