Тимот на Работнички ќе има тешка задача да избори опстанок во суперлигашкото друштво, а во последните денови од преодниот рок, ростерот е засилен со украински интернационалец.
Станува збор за левиот бек Вадим Вирич, кој доаѓа од украинското првенство од составот на Одеса.
Претходно искусниот 36-годишен ракометар има настапувано за Портовик Јужњи, за израелскиот Макаби Тел Авив, а бил и репрезентативец на Украина во ракомет на плажа.
Покрај Вирич, од составот на Вардар во Работнички дојде и пикерот Давид Гашовски, а потпиша и Црногорецот Лука вујовиќ.
Работнички ќе се бори за опстанок со Тиквеш, Прилеп, Младост Богданци, Јуниор Кисела Вода, Радовиш, Астраион и Голден Арт КЛ7.