Ракометарите на Работнички дојдоа до убедлива победа во 4. коло од плеј-аутот во Супер машката лига совладувајќи го Астраион со 39:19.
Израмнето беше само на стартот. Гостите водеа со 1:0 и 2:1, а потоа Работнички со четири гола дојде до 5:2. Од тој момент влезе во период во кој постојано ја зголемуваше предноста. Можеше да се види дека противникот на може да следи што се забележуваше и со слабата ефиканост.
Гостите од Струмица постигнаа само пет гола, додека Работнички имаше 20 после првото полувреме кога веќе беше решен победникот.
Во вториот дел од средбата можеше да се одигра мирно и да се дојде до нов триумф така што во ниту еден момент немаше неизвесност и прашалник околу победникот. Работнички искусно ја зачува предноста, па дури и ја зголеми за конечни 39:19 со што освои очекувани три бода во плеј-аут лигата и битката за опстанок.
Работнички во следното коло го очекува тешко гостување кај Младост во Богданци, додека Астраион го пречекува Прилеп.