Екипата на Работнички си обезбеди победа од 30:24 против Младост и го остави противникот без шанси за борба за пласман во Супер лигата.
Тимот од Богданци имаше добар старт на средбата, но не успеа да го одржи ритамот. Играта која што беше прикажана го губеше ритамот, па како одминуваше времето така составот на Работнички полека почнуваше да ја презема контролата на играта.
Во втората половина од првото полувреме тимот на Работнички веќе имаше водство кое постојано се зголемуваше. Гостите веќе не можеа да следат, па тоа допринесе за работнички да се избори за 15:11 на крајот од првото полувреме.
Вториот дел веќе беше само задача за Работнички да го издржи ритамот во кој влезе во завршницата на првите 30 минути. Играта одеше според планот и се имаше целосна контрола. Како што се доближуваше средбата кон крајот така стануваше јасно дека домашните ќе бидат убедливи.
На крајот Работнички имаше плус шест и резултат од 30:24 така што се избори за победа и три бода со кои останува во трка за пласман во Супер машката лига.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ
ТАБЕЛА