Екипата на Работнички во новата сезона ќе биде дел од Првата машка лига, а со преселбата на Стојан Петрушевски во стручниот штаб на Веселин Вујовиќ во Вардар тимот остана без првиот тренер.
Во моментов Работнички е во потрага по нов стратег, а прв избор е Пепи Манасков, кој досега беше дел од тимот, но како асистент на Петрушевски.
Сега од Работнички сакаат Манасков да остане со оглед на тоа што веќе знае каква е ситуацијата во екипата. Сепак, тој во моментов е поставен за тренер на пионерската екипа на Вардар, па уште нема одлучено што ќе се случи во следната сезона.
Понуда од Работнички има, но Манасков е во размислување дали да остане само со пионерите на Вардар или да биде прв тренер на Работнички, пред кој ќе биде навистина тешка сезона во Првата машка лига.
Инаку, Петрушевски и Манасков беа дел од вториот тим на Вардар неколку сезони, пред минатата година заедно со повеќето ракометари да се префрлат во Работнички. Сепак, сеа се враќаат во Вардар, а останува да се види што ќе се случи со позицијата тренер во Работнички и кој ќе го предводи тимот.