Тимот на Јуниор КВ кој се наоѓа на четвртата позиција во Плеј-офот од првата лига не дозволи изненадување и на гостински терен славеше убедливо против последнопласираниот на табелата, Работнички со 27:35. Со овој триумф гостите на табелата ќе го прескокнат Вардар Неготино кој натпреварот од ова коло го игра во недела против Куманово.
Работнички достоен противник денес беше само во почетните минути кога имаше и водство и од 5:3. Токму по тоа водство следуваше првата серија од 5:0 со која Јуниор најави во каква насока ќе оди овој дуел. Предноста до полувремето за гостинскиот состав веќе изнесуваше осум разлика (11:19).
Второто полувреме не донесе ништо многу поразлично, следуваше уште по доминантна игра на гостите, па предноста растеше од минута во минута. Првите минути од вториот дел ја донесоа и првата двоцифрена разлика на натпреварот (12:22). До крајот само прашање беше со колкава разлика Јуниор ќе го добие натпреварот.
Најефикасни во редовите на Работнички беа Дамјан Јакимовски и Ѓорѓи Дука со шест гола, а еден помалку постигна Давид Димевски. Во редовите на победничкиот тим најмногу се истакна Илиевски Игор со девет гола, а Филип Петровски беше зад него со пет постигнати погодоци.