Францускиот првак ПСЖ предводен од Раул Гонзалес го освои првиот трофеј во новата натпреварувачка сезона.
ПСЖ славеше во Супер Куп натпреварот против Нант, финалистот на Купот и третопласиран од првенството, со убедливи десет гола разлика, 35-25.
„Светците“ го најавија победникот уште по првото полувреме, кога водеа со три гола, 17-14, а во вториот дел Нант комплетно се распадна.
Ова е добра најава за тимот на Раул Гонзалес, кој сезонава влегува засилен со Јакоб Холм, Рубен Марчан и Кент Робин Тонесен.