Ракометарите на шампионот на Франција, ПСЖ предводени од тренерот кој ја донесе првата титула на Вардар, Раул Гонзалес забележаа нова победа во Лигата на шампионите откако денеска против Целје славеа со 33:29.
Тимот од Франција наиде на силен отпор против екипата од Словенија, но не дозволи да има изненадување. После 30 минути игра резултатот беше 17:13, а потоа во вториот дел домашните дадоа уште посилен отпор и во еден период намалија и на гол разлика при 21:22.
Сепак, оттука гостите тргнаа посилно и во финишот не дозволија изненадување, па завршија со истата разлика која што ја имаа на крајот од првото полувреме. Со конечни 33:29 ПСЖ се избори за три бода и останува во трка со Барселона за првото место во групата.
Пивотот Шипжак со девет гола беше најефикасниот, а зад него со четири гола беше Микел Хансен во редовите на победникот. Во Целје Тилен Кодрин реализираше петпати.