Францускиот шампион ПСЖ деновиве се активира во објавување на продолжувањето на соработка со дел од актуелниот играчки кадар, а денеска промовираше и ново име.
Се работи за шпанскиот репрезентативец Давид Балагер, кој се обврза на верност до 2024 година.
Десното крило, чиј матичен клуб е големата Барселона, во Париз доаѓа од Нант, каде што ја игра седмата сезона.
Балагер во ПСЖ ќе биде замена за Беноа Конку, кој се сели во полскиот Келце, и ќе формира шпанско дуо на десно крило со Феран Соле.
ПСЖ претходно објави дека ја продолжи соработката со Никола Карабатиќ, Хенрик Тофт Хансен и Камил Шипжак и за следната 2022/23 сезона.