ПСЖ како брз воз низ Букурешт

Ракометарите на ПСЖ ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето во Романија кај Динамо Букурешт откако обезбедија убедлив триумф со 39:31, во натпревар од 13. коло од Лигата на шампионите.

Во првите пет минути од натпреварот резултатот беше 3:3, а трите погодоци за двете екипи беа постигнати од тројца различни ракометари. По нерешениот резултат од 3:3, Никола Карабатиќ со својот втор погодок му го донесе првото водство на ПСЖ од 4:3.

ПСЖ во следниот период константно имаше позитива од плус два, водеше со 5:3, 6:4, 7:5, 8:6 и 9:7. Избраниците на Чави Пасквал со два гола во низа израмнија на 9:9 во 13. минута.

Последните петнаесетина минути од првото полувреме минаа во знакот на ракометарите на Раул Гонзалез, кои во завршниот дел ја покажаа својата доминација и на пауза заминаа со плус четири позитива, 20:16.

Водството на екипата од Франција за неколку минути игра во второто полувреме беше зголемено на највисоки пет гола разлика, 21:16. Овие пет гола разлика беа сосема доволни за фаворитот на овој натпревар да ја обезбеди победата бидејќи рутински ја одработи задачата до самиот крај и не дозволи домаќинот да направи евентуален камбек.

Листата на стрелци кај ПСЖ беше предводена од искусниот репрезентативец на Данска, Микел Хансен, кој постигна седум погодоци. Исто број на погодоци постигна и најефикасниот од Динамо Букурешт, Раул Кампос.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА651011
2НАНТ74129
3АЛБОРГ84139
4ПИК СЕГЕД74038
5КЕЛЦЕ73046
6КОЛСТАД83056
7МАГДЕБУРГ72145
8ППД ЗАГРЕБ82064