ПСЖ и Раул го оставија Порто на дното

Тимот на Порто останува единствена екипа во Лигата на шампионите што по шест кола нема триумф. За тоа се погрижија Раул Гонзалес и ПСЖ, кои славеа против клубт на Никола Митревски со 32-30. ПСЖ сега има 10 бода зад Веспрем, по шест кола, додека Порто е последен без бодови.

Во првото полувреме гостите парираа, одржуваа резултатска рамнотежа, дури и водеа во неколку наврати, но по дваесетина минути, ПСЖ почна да ја презема контролата. Поведоа домашните со 14-11, а Порто успеа да намали на минус еден, 16-15. Сепак за водство на ПСЖ од плус два се погрижи Балагер со голот од пенал за 17-15 на пауза.

Во вториот дел комплетнa доминација на ПСЖ. Уште на стартот избраниците на Раул обезбедија плус пет, 22-17, имаа и највисоки плус седум, 31-24, но се опуштија, па Порто во финишот успеа да намали на 31-28. Сепак немаше време за комплетен пресврт и победата остана за ПСЖ.

Никола Митревски бранеше на овој натпревар и успеа да запре пет удари, додека најдобар стрелец кај Порто беше Турин со шест гола. Кај ПСЖ, Елохим Пранди даде 11 гола, додека екс вардарецот Даинис Кристопанс постигна девет гола.