Тимот на ПСЖ со гостински триумф, 11. сезонава го потврди играњето во четвртфиналето на ЕХФ лигата на шампионите по победата над Висла Плоцк од 32-26 (16-14) во претпоследното 13. коло од групната фаза. Французите се зацврстијаа првото место на табелата на едно коло до крај на регуларниот дел од групната фаза, а Висла остана на претпоследното место.
Така “светците“ ќе го прескокнат играњето во осминафиналето и директно ќе играат во четрвтфиналето, но полскиот тим во последното коло има шанса да се избори за осминафиналето. Висла гостува кај Порто на 2 март и ќе им треба победа за Полјаците да се искачат на 6. место што води во осминафиналетот. Но, покрај триумф ќе мора да чекаат и пораз на ППД Загреб на гости на ГОГ Гудме. Меѓу ППД загреб и Висла ќе се бара последниот патник за осминафиналето.
На дуелот во Полска меѓу Висла и ПСЖ, гостите го направија „победничкиот исчекор“ на почетоко на второто полувреме кога во 42 минута поведоа со 22-17. Тоа беше период во кој беше скршен отпорот на домашните ракометари.
Дотогаш Полјаците имаа надежи за останување во игра за бодови. Така и тргнаа, на почетокот на мечот имаа водство, дури и „плус 2“ (9-7). Но, ПСЖ не само што брзо израмни, туку од тој момент и тргнаа нивната офанзира, па брзо зголемија и на 11-9. Намалија ракометарите на Висла неколкупати на гол разлика, ама не можеа да израмнат, па „сините“ заминаа на одмор со предност од 16-14.
Гостите одигра одлична одбрана во која добро бранеа, а притоа и не ја минаа границата на дозволеното. Единствено Криштопанс во вториот дел при резултат 23-18 доби едно исклучување од 2 минути покажувајќи колку добир биле во одбрана.
Кога ПСЖ првпат ја мина границата од „плус 5“ во второто полувреме потоа се им беше полесно. Ја одржуваа таа разлика, па и ја зголемуваа. На пет минути до крај на средбата ПСЖ веќе водеше со 29-21 како најава за нов триумф. До крајот само се намали разликата на 6 гола во корист на Французите, и ПСЖ победи со 32-26.
Кај ПСЖ со 6 гола најефикасен беше Камил Шипжак, а по 5 гола дадоа Адама Кеита, Даинис Криштопанс, Фееран Соле. Во тимот на Висла најпрецизне беше Димитри Житников со 8 гола.