Францускиот првак ПСЖ, иако во минатата сезона не успеа да го убеди Сташ Скубе да се пресели во Париз, сепак нема така лесно да се откаже од неговите услуги.
Плејмејкерот на Вардар има активен договор на три сезони со европскиот шампион, но поради неисплатените плати и актуелната состојба во која се наоѓаат “црвено-црните”, лесно може да се случи да ја промени средината.
Тимот на Раул Гонзалес ќе остане без Сандер Сагосен на лето, а се уште нема пронајдено адекватна замена, па ПСЖ во Скубе гледа идеално решение. Минатата пролет не успеаја да се договорат, но можеби сега ќе биде полесно.
Вардар денеска остана без Даинис Кристопанс кој ќе игра за бундеслигашот Фуксе Берлин, а си замина и Павел Атман, кој се враќа во Русија и ќе настапува за Спартак Москва.