За машката сениорска репрезентација на Македонија остануваат уште два меча до крајот на квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година.
По победите над Финска, Швајцарија и Данска, како и по поразот од светскиот првак, избраниците на Кире Лазаров веќе го потврдија местото на континенталниот собир, а сега останува само победнички да се завршат квалификациите и да се обезбеди подобро место во шеширот.
Натпреварот од петтото коло против Финска, ќе се игра во градот Рихимаки на 28 април од 18:00 часот, а РФМ веќе го одреди градот домаќин на последниот дуел со Швајцарија.
Со оглед на ситуацијата со коронавирус, македонската куќа нема да менува ништо и репрезентација останува да игра во Скопје, а сите последни дуели од сите групи ќе се играат на 2 мај од 18:00 часот.