Хрватскиот селектор Лино Червар секогаш е во центарот на вниманието и секогаш има што да каже. Пред ЕП за тамошните медиуми тој говореше за давањето на шанса на младите играчи и се потсети на времето поминато во Металург.
„Во еден момент останав без дури 25 играчи поради штрајк. Газдата на Металург ми рече мораш да останеш за да покажеме дека и со клинци, со млади играчи можеме напред. Отидовме во Кил со Кузмановски, Талески и Нелоски… Постигнавме само три гола во првото полувреме, а добивме аплауз за храброст. Тие исти играчи две години подоцна го победија Вардар кој една година подоцна стана европски шампион. Но јас работев по шест часа дневно и на тоа сум најмногу горд. Го прашав премиерот Груевски дали ги сакате вашите деца од Металург, бидејќи видов дека Вардар за нив е „мед и млеко“, а останатите ништо. Не сакав да го прифатамтоа. Се сложувам со констатацијата дека некој не знае, но треба да се работи“, вели Червар.
Тој сега е на клупата на хрватската селекција и не работи во клуб, иако неговото име се споменува низ кулоарите како наследник на Стевче Алушовски во тимот на Еурофарм Пелистер.