Ривалот на женската сениорска репрезентација во квалификациите за ЕП 2024 година, Шпанија, загуби на вториот пријателски натпревар од Романија.
По ремито на првата меѓусебна средба, 30-30, избраничките на Амброш Мартин загубија на вториот меч со 30-25.
По овие две средби, новиот селектор на Шпанија останува без победа на клупата, па ќе мора да почека нова шанса.
Македонија и Шпанија се фаворити за првите две места во конкуренција со Литванија и Азербејџан.
Нашите ракометарки ќе ги одиграат двете средби против Шпанија во 2024 година, кон крајот на февруари и почетокот на март.