Техничарите во салата во Грац кои го реализираа преносот направија пропуст, прво ги згрешија репрезентациите кои играат а потоа во 21. миута на екраните стоеше резултат 0:0.
Уште на првиот ден на Европското првенство се појавија првите проблеми со графиката на дуелот во Грац.
На дуелот помеѓу Хрватска и Црна Гора на екранот стоеше графика дека играат Србија и Белорусија. Откако забележаа дека нешто не е во ред, ги поправија имињата но резултатот во 21. минута беше 0-0.
Очигледно луѓето во реализација на преносот притиснале погрешно копче и се појавила графиката од претходниот натпревар кој се играше во истата арена.
Ова беше прв натпреварувачки ден, да се надеваме дека во продолжение нема да има повторно грешки и се ќе биде во најдобар ред.