Едуарда Аморим беше пред трансфер во норвешкиот Вајперс Кристијансанд, но трансферот не се реализира поради норвешките правила.
Меѓународната ракометна федерација минатата сабота овозможи ракометарите кои играат во руски, белоруски или украински клубови да направат трансфер, а Кристиијансанд веднаш поднел барање до Ракометната федерација на Норвешка, но нивното барање било одбиено.
Тренерот на Оле Густав Гјекстад потврди дека имале можност да потпишат со Аморим.
„Имавме можност, но ништо не беше јасно. Го испитавме теренот, но на крајот ништо не испадна“, изјави Гјекстад потенцирајќи дека пропуштиле можности покрај Аморим да доведат и уште неколку играчи од руските големи клубови како ЦСКА Москов и Ростов Дон.
Според норвешкиот „ВГ“, Аморим сепак ќе замине од Ростов Дон пред крајот на договорот и сезоната ќе ја доигра во романскиот ЧСМ Букурешт.