Промовирано логото на СП 2023, Македонија ја чека бараж во април!

На 15 месеци пред стартот на 26.издание на Светското првенство во Данска, Норвешка и Шведска, беше промовирано логото на Мундијалот.

Боите на топката на логото ги претставуваат знамињата на трите земји што ќе го организираат овој настап, што ќе биде втор со 32 селекции, по СП во Шпанија во 2021 година.

32 репрезентации ќе бидат дел од Мундијалот, со четири групи во Данска и по две прелиминарни групи во Шведска и Норвешка. Од главната рунда, две групи ќе бидат во Данска, а по една во Шведска и Норвешка.

Завршниот викенд и Президент Купот ќе се играат во Данска. Мундијалот ќе се игра од 30 ноември до 17 декември 2023 година.

Данска последен пат го организираше СП во 2015 година, заедно со Норвешка беа домаќини во 1999 година, додека Шведска за првпат ќе биде домаќин на Мундијал.

Женската репрезентација на Македонија е пласирана директно во вториот бараж за СП, па ќе чека полесен ривал од првиот бараж. Натпреварите на Македонија ќе се играат во април 2023 година.