Женската репрезентација на Македонија ги доби Франција, Холандија и Романија за ривали на Европското првенство.
Покрај ждрепката што беше извршена во Љубљана, на истиот настан беше промовирана и официјалната топка со која ќе се играат натпреварите на континенталниот собир.
Двобоите од прелиминарната фаза на ЕП ќе се играат во Скопје, Подгорица, Целје и Љубљана, додека главната рунда ќе биде во македонската и словенечката метропола.
Завршниот викенд ќе се игра во Љубљана. ЕП е на програмата од 4 до 20 ноември.