На пријателскиот натпревар помеѓу земјите ко-домаќини Полска и Шведска беше откриена маскотата за Светското првенство кое ќе се одржи во 2023 година во овие две земји.
Маскотата за овој настан е црвена верверица облечена во брендиран темносин дрес, бели шорцеви и сини патики. На себе носи број 23.
Името на маскотата се уште не е одредено, а тоа ќе биде избрано после собраните предлози од фановите кои можат да гласаат на Фејсбук страната на ИХФ. Најдобрите три предлози ќе бидат ставени на онлајн гласање кое ќе биде отворено од 28. март и ќе трае до 4. април.