Капитенот и селектор на Македонија, Кирил Лазаров денеска ја промовираше својата автобиографија „Секогаш на победа“. Легендата на македонскиот ракомет, кој е убедливо најдобриот стрелец во Лигата на шампионите и европските купови со ова се докажува и на едно друго поле надвор од теренот.
Ова е книга во која ќе можат да се прочитаат интересни работи за кариерата на Лазаров кој уште е активен на терените, а веќе ја почна и тренерската кариера.
„Трема сум имал на натпревар. Сега имам и поголема. Прв спортист сум што се охрабри со многу страст да направи книга. Подготвував говор, но не ми одеше и ќе бидам спонтан. Иако сум еден од најдобрите спортисти во Македонија, сепак, првпат ќе го слушнете со оваа книга. Ја работевме речиси 7-8 месеци. Сметам дека ќе биде интересна за сите особено за младите“, рече Лазаров на денешната промоција на книгата.
Ова е втората книга на Лазаров. Првата ја објави пред осум години, под насловот „Седум“.