Женската сениорска репрезентација на Македонија ја чекаат три меча од квалификацискиот турнир за СП што се игра во Шпанија.
Ривали се селекциите на Исланд, Литванија и Грција, а трите меча ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во терминот од 12:00 часот од 19 до 21 март, односно од петок до недела.
Иако претходно беше најавен и потврден терминот од 17:45 часот, сепак дојде до промена поради најавениот полициски час за време на викендот.
Вторите средби од групата ќе се играат во терминот од 14:00 часот, а судии на турнирот ќе бидат романската двојка Циулеи-Стоја и црногорската двојка Ивановиќ-Вујисиќ, додека делегати се Ацо Николовски и Бранка Машиќ.