Наместо во Велес, како што беше претходно најавено од РФМ, бараж натпреварот за последното суперлигашко место ќе се одигра во Прилеп.
В недела од 18:00 часот, тимовите на Вардар Неготино и Драчево ќе се борат за место во елитната конкуренција за сезоната 2023/24.
Проблеми со салата во Велес се причината што е променета локацијата на одигрување на овој натпревар.
Неготинци беа шести во плеј-аутот во суперлигашката конкуренција оваа сезона, додека Драчево беше трети во прволигашкиот плеј-оф.
Победникот од овој натпревар ќе им се придружи на Мулти Есенс и Аеродром, кои исто така обезбедија место во Суперлигата.