Ракометарите на Пролет дојдоа до три бода на гостувањето кај тимот на Струга со 24:21 откако во завршницата од средбата имаа повеќе концентрацијата и не дозволија да има ништо непредвидено односно одработија многу подобро во клучните моменти кога реализираа без грешка.
Од почетокот на натпреварот стана јасно дека на оваа средба победникот нема да биде решен рано и дека ќе има долго надигрување. И двете екипи се менуваа во водство во првите неколку минути со оглед на тоа што После водството на Пролет од 4:2, стружани дојдоа до предност од 7:5.
Малку после ова одново гостите направија пресврт и поведоа со 8:7, а до крајот на првиот дел стигнаа и до плус четири при што имаа предност од 13:9. Сепак, на одмор се замина со 14:11 така што Пролет имаше резултат кој даваше можност да се обезбеди убав резултат во продолжение.
Првите неколку минути од второто полувреме донесоа одново предност за составот на Пролет, кој остана во плус од 2-3 гола. Сепак, како одминуваше времето така тимот на Струга успеваше да фати приклучок и дојде на еден погодок разлика.
Во завршницата беше прашање на концентрација и секој напад беше испит за двата тима. Во една таква игра каде што не смееше да има грешки и секој шут беше максимално важен мораше да се одработи најдобро што може ракометарите на Пролет имаа повеќе од играта и дојдоа до погодоци со кои финишираа со триумф.
На крајот 24:21 за Пролет кој продолжува со победите и го задржува високиот пласман на табелата во Супер машката лига.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА