Тимот на Пролет го одигра првиот пријателски натпревар пред настапот во Лигата на Европа и го совлада составот на Прилеп со 37-32.
На полувреме, избраниците на Андон Бошковски имаа предност од 19:18 и со подобрата игра во вториот дел стигнаа до победа.
Во натпреварот каде резултатот не беше важен фактор и двете екипи имаа можност за проверка на силите и способностите на секој ракометар.
Пред почетокот на новата сезона, Прилеп и Пролет ќе одиграат уште неколку контролни натпревари.
Избраниците на Горан Кузманоски ги очекува и учество на меморијалниот турнир во чест на ракометната легенда Миле Нешковски, додека Пролет ќе настапи во Лигата на Европа на гости кај шпанскиот тим Гранољерс.