Екипите на Пролет и Тиквеш го одиграа вториот пријателски натпревар во три дена. Откако на првиот во Кавадарци славеше Тиквеш, Пролет им се реваншираше и го доби возвратниот дуел во Скопје со 32:28.
Ивбраниците на Никола Матлиески имаа подобро издание на овој меч и играа максимално ефикасно. Тиквеш тешко се носеше со играта на противникот и беше постојано во заостанување. После првото полувреме Пролет имаше високо водство од 20:12.
Во вториот дел Пролет лесно го контролираше резултатот, на 15 минути пред крајот сè уште домашниот тим имаше високо водство. Тиквеш во завршницата успеа да го искористи опуштањето на Пролет и само да го ублажи поразот.
На првиот пријателски натпревар, Тиквеш триумфираше со 28:27, но на реваншот скопскиот тим успеа да забележи победа. Следните предизвици за двете екипи ќе бидат во рамки на Купот на Македонија.