Пролет со прв меч по долгата пауза, славеше против Работнички

Тимот на Пролет го одигра првиот натпревар по долгата пауза од пет месеци и забележа победа со три голови разлика над Работнички, 28-25.

По одработените подготовки во Маврово, тимот на тренерот Матлиески од денеска почна со одигрување на натпревари со кои ќе ја темпира формата до стартот на сезоната.

Матлиески и тренерот на Работнички, Стојан Петрушевски, им дадоа шанса на сите ракометари да ги покажат своите квалитети.

Натпреварот се играше три пати по 20 минути, а Пролет по првата третина водеше со 10-9, по втората со 19-15, а во третата Работнички успеа да ја намали негативата.

Утре од 18:00 часот, Пролет ќе гостува во Автокоманда кај составот на Металург.