Тимот на Пролет пред вечерашниот дуел со Алкалоид му врачи благодарница на Иван Џонов, за придонесот што овој ракометар го даде за тимот во годините што ги мина носејќи го дресот на скопскиот суперлигаш.
Џонов ги мина младинските категории на Пролет, по што се промовираше како значаен адут и во првата екипа на овој клуб.
Тој беше младински репрезентативец на Македонија на СП во Алжир, а беше дел и од сениорската репрезентација на Македонија на последниот мундијал што се одржа во Полска.
Претседателот Кадиевски и директорот Огњеновски пред натпреварот покрај благодарницата му подарија на Џонов дрес со бројот 18, што го носеше во Пролет.