Пролет останува без странците – заминуваат Голубовиќ и Пејовиќ

Десниот бек од Србија, Ѓорѓе Голубовиќ и црногорскиот интернационалец, Жарко Пејовиќ, кој настапува на позицијата среден бек, на крајот на сезоната ќе го напуштат тимот на Пролет.

Следната сезона во Пролет најверојатно ќе играат само македонски ракометари. Дел од договорите со неколку играчи се обновени, а пикирани се неколку засилување на позициите на кои ќе заминат дел од ракометарите.

Раководството на Пролет за следната сезона официјално го промовираше репрезентативецот на Македонија, Томислав Јагуриновски. Младиот ракометар ќе го засили Пролет од исландскиот клуб Тор Акурејри, каде настапуваше во одлична форма под водство на тренерот Стевче Алушовски.

Пролет по лошите резултати во регуларниот дел од првенството, мораше да се пресели во плеј-аут фазата каде што одработи без грешка и веќе од поодамна го имаше обезбедено опстанокот во елитата.