Пролет останува без десниот бек – Никола Потиќ се сели во Германија

Тимот на Пролет ќе мора да бара нов десен бек за следната сезона во која ќе настапува и на меѓународна сцена. Никола Потиќ, српскиот интернационалец што дојде од Металург пред пролетниот дел од сезоната, заминува од Пролет.

Тој остави одличен впечаток, беше дел од најголемиот клупски успех со освојувањето на третото место, но во следната сезона ќе игра во Германија.

Станува збор за искусен ракометар кој потекнува од Партизан, настапуваше во шпанскиот Кањас. Беше дел од хрватскиот првак Загреб, а во Германија ги бранеше боите на Либек, пред да дојде во Автокоманда.

Потиќ ги мина сите младински категории во српската репрезентација, настапувајќи и за сениорскиот национален тим на баражот за СП 2019 против Португалија.