Ракометарите на Пролет ја остварија втората победа во Супер лигата во групата А откако на домашен терен беа подобри од Астраион со 32:24.
Избраниците на Матлиески беа на потребното ниво и немаа никакви проблеми да се справат со гостите од Струмица. Само во почетните 10 минути беше израмнето до резултат 4:4. Во продолжението Пролет имаше целосна контрола на натпреварот.
До крајот на првиот дел Пролет ги искористи грешките на гостинот во напад и преку Палевски од контри обезбеди солидна предност на полувреме од 14:10.
И во вториот дел продолжи доминантната игра на домаќинот, Астраион имаше се поголеми проблеми да реализира и на тој начин заостанувањето беше сè поголемо. Во 48. минута домашната екипа го имаше највисокото водство од 25:16 и веќе беше решен победникот.
До крајот на дуелот Пролет одигра колку што беше потребно да го приведе натпреварот до крај за нови бодови и максимален учинок по две кола. Најефикасни во победничкиот тим беа Давор Палевски и Александар Василевски со по девет гола. Во тимот на Астраион најмногу се истакна Мите Караиванов со осум погодоци.
Во следното коло Пролет гостува кај КЛ 7, а екипата на Астраион ја пречекува екипата на Струга во својата сала.